„Министерството за земјоделие презеде активности за детална анализа и за споредба на пазарните цени на производите со цените од минатите години на истите артилки. Дојдовме до фрапантни податоци, каде варијацината на цени се движи од 20 до 200 отсто маржа, што е нереално и сулудо во вакви услови и текови“ изјави Гоце Георгиевски од комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека не е во ред ниту еден увозник или трговец да заработува енормни маржи на грбот на граѓаните во услови на криза.
„Одлуката за замрзнување на маржите е за 11 земјоделски производи. Ограничена е маржата на 40 отсто, како некоја средна вредност споредено со претходните години. Разговараме во услови, кога минатата година беше кризна и земјоделските импути беа повисоки во однос на оваа година. Цената на вештачкото ѓубриво минатата година порасна за 100 до 110 отсто, а сега е нормализирана“ рече Георгиевски.
Тој додаде дека ваквите ограничувања на цените и маржите се во директна корист на домашните производители и на крајните потрошувачи, односно граѓаните.