Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во емисијата „24 Отворено“ изјави дека  Македонија не заслужува да изгуби 20 години во преговори и дека ни треба решение како да излеземе од оваа ситуација и да одиме напред.

Георгиевски додава дека отсекогаш кршел табуа и во минатото Македонците биле порасположени за Југославија и кажа дека бил прв кој ја предложил додавката Северна Македонија. Според него тој го направил најпатриотскиот чин во однос на Бугарија.

„Со една декларација во која нема ниту една обврска кон Македонија затворивме прашање кое стоеше една деценија со Бугарија и ги почнавме добрите односи со Иван Костов. Со таа декларација, Македонија требаше да биде само пријател со Бугарија, ништо повеќе, никакви историски, етнички, идентитетски обврски“, вели Георгиевски.