Меѓу нашите европски партнери нема расположение за отстапки од постигнатите услови кон Северна Македонија за започнување на преговори за членство во ЕУ. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев во бугарскиот парламент, јавува БНР, пренесува Трибуна.
„Нема никакво расположение. Напротив. Ги слушнавте и претседателот на Советот Антонио Кошта, и Врховната претставничка Каја Калас. Тие рекоа дека нема варијанта „Б“, нема план „Б“. Острата реторика, тонoт, јазикот на омразата, обидите за мешање во нашите внатрешни работи – нема како да бидеш во Европската Унија, ако не сакаш да се однесуваш европски.“
Бугарија води активна политика за заштита на националниот интерес, потврди министерот Георгиев:
„Не треба европскиот воздржан дипломатски тон и однесување на Бугарија, во целосен контраст со понекогаш многу истеричното однесување на други држави, да се меша со недостаток на активност. Бугарија ќе продолжи да ја почитува Спогодбата од 2022 г. Ние нема да отстапиме ниту еден сантиметар од неа.“
Тој им се заблагодари на народните пратеници за едногласната поддршка на позицијата на Бугарија.