Бугарија изразува зголемена загриженост во врска со континираното непочитување од страна на Република Северна Македонија на нејзините обврски кон Европската унија. Министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев преку писмо ги запозна своите колеги од земјите-членки на Европската унија, како и европските институции, со најновите обиди на Скопје да компромитира важни елементи од европскиот консензус, јавува бугарското Министерство за надворешни работи, пренесува Трибуна.

Одобрениот во јули 2022 година на европско ниво пакет-договор останува единствениот можен пат за напредок на оваа земја кандидат за членство во ЕУ. За жал, наместо конструктивен дијалог и добрососедски односи, набљудуваме политика на конфронтација, провокации и повлекување од преземените обврски, вклучително и намерно оспорување на клучни договорености пред Уставниот суд во Скопје.

Не е можна промена на договорениот европски консензус или на кој било негов дел. Бугарија очекува од соседната држава да ги исполнува совесно своите обврски, за што повеќепати инсистирал и самиот Европски совет.

Остануваме на ставот дека најдоброто решение за иднината на Западниот Балкан е учеството на сите држави во овој најуспешен проект, наречен Европска унија. Подготвени сме да му помогнеме и на Скопје да го изоди својот европски пат во процесот на реформи, доколку членството во Обединета Европа е вистинскиот избор на неговата влада, стои во писмото на министерот Георгиев до неговите европски колеги.