Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да ги исполни своите обврски со добра волја. Oва го напишал бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, во писмо до неговите европски колеги.
Бугарија изразила растечка загриженост за, како што се наведува во писмото, континуираниот неуспех на Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски кон Европската Унија.
Во своето писмо, како што пренесува БГНЕС, министерот Георгиев ги информираше своите колеги од земјите-членки на Европската Унија, како и од европските институции, дека Македонија се обидува да компромитира важни елементи од европскиот консензус.
„Пакет-договорот одобрен во јули 2022 година на европско ниво останува единствениот можен пат напред за оваа земја-кандидат за ЕУ. За жал, наместо конструктивен дијалог и добрососедски односи, забележуваме политика на конфронтација, провокации и повлекување од преземените обврски, вклучително и целно оспорување на клучните договори пред Уставниот суд во Скопјe“, се вели во писмото.
Како што се додава, Бугарија останува на ставот дека најдоброто решение за иднината на Западен Балкан е учеството на сите држави во овој најуспешен проект наречен Европска Унија.
Текстот Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски е превземен од МАКФАКС.