„За мене Бугарија е државата кадешто живее братски народ. Ние сме браќа со бугарскиот народ. Треба да се признае историјата пред 1945 година. Да се признае каков народ живеел, каков јазик зборувал, на кој јазик зборувале нашите предци, на кој јазик зборувале и нашите војводи. Сегашните служби на Македонија работат со истите методи како на времето на Тито. За нив Бугарите во РС македонија се државен непријател. А ние не сме никаква опасност ниту за државата ниту за владата“, изјави во интервју за БГНЕС, Георги Црномаров, од културниот центар „Иван Михајлов“- Битола.
Црномаров смета дека дошло времето македонските Бугари којшто живеат во РС Македонија да бидат заштитени. Тоа би го кажал и на Бојко Борисов ако има можност a Бојко Борисов од своја страна да го пренесе на Зоран Заев. Според него лошиот однос кон Бугарите се должи на југословенската историја која граѓаните на Македонија биле приморани да учат со генерации.
Црномаров вели дека луѓето во Mакедонија не заат ништо за периодот од 1919 до 1941 година. Додава дека ништо не се спомнува за Тиквешкото и Охридско-Дебарското востаниe.
„Овие востанија се спомнуваат колку да се каже дека се случиле. Не се кажува кој ги раководи и против кој се востанијата“, вели Црномаров.
Црномаров сака спорните прашања помеѓу Бугарија и РС Македонија да се решат.
„Од страна на Македонија да се признае историјата. Никој не го оспорува фактот дека после 1945 година се создава нова нација македонска и нов јазик македонски. Никој не се изјаснува како Македонец пред 1945 година. Сите биле по националност Бугари а според местото на живеење Македонци“, вели тој.