Бугарија ќе преземе мерки против говорот на омраза во последните денови во РС Македонија, како што секогаш правевме. Ова го изјави министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска, одговарајќи на прашање на БГНЕС дали ќе ги повика властите во Скопје да ја спречат антибугарската хистерија, јавува Трибуна.

Генчовска појасни дека мерките ќе бидат дипломатски, ќе биде повикан привремениот управител на амбасадата на РСМ во Бугарија. Ќе му биде врачен протест, додава таа.

На прашањето на БГНЕС дали се прецизирани протоколите и кога бугарското општество може да се запознае со нив, министерката Генчовска одговори: „Имаме џентлменски договор со министерот за надворешни работи на РСМ Бујар Османи и протоколите се прецизирани. Се надевам дека ќе се придржува до тоа, јас се придржувам до тоа, ние нема да ги отвораме текстовите. Бидете сигурни дека тие целосно го гарантираат националниот интерес и целосно ги почитуваат одлуките на Народното собрание“, нагласи таа.

Генчовска изјави дека Скопје е заинтересирано работите да се случуваат многу брзо, бидејќи многу земји членки на ЕУ веќе зборуваат за одвојување на РСМ од Албанија.
„Топката е директно во теренот на PCM“, рече таа.

На прашањето дали Бугарија е заинтересирана за одвојување на двете земји на нивниот пат кон ЕУ, шефицата на дипломатијата рече дека процесот се базира на конкретни резултати.
„Ја поддржуваме Албанија, и покрај пораките што доаѓаат од албанските власти во последно време. На крајот ќе одлучат земјите-членки“, рече Генчовска.