„Формално нема како некој друг да спроведува надворешна политика надвор од МНР. Вестите не ги добиваме од Скопје туку од разговори со екипата на МНР на РСМ или од разговори со нашите европски партнери“, изјави шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска пред медиумите во бугарскиот Парламент“, јавува БГНЕС.

Според зборовите на Генчовска постојат разлики меѓу МНР и типот на премиерот Петков врз кои се работи за да бидат исчистени.

„За жал по политичките прашања тешко може да се каже дека има напредок. Јас ви го кажувам тоа што го слушам на официјалните средби. Не зборуваме за рокови. Очигледно има амбиции до крајот на француското претседателство, но премиерот не истакнувал такво нешто. Амбициите се на неговиот тим, никогаш не сум го спомнувала името на Весела Чернева. Работиме активно но има сериозни разлики со надворешно-политичкиот тим на премиерот во однос на националната позиција, која што МНР ја спроведува. Албанија е исто така во пакет. Ние се фокусираме врз РС Македонија, но за нас е важно сите држави од Западен Балкан да имаат стабилност и европска перспектива“, изјави Генчовска.

Извор: Трибуна