„Со особено задоволство ја проследивме изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој отворено и искрено, јавно промовираше една од нашите заложби, а се однесува на намалување на бројот на пратениците и промена на изборниот модел.
Тоа е особено важно, затоа што е соопштено од лидерот на опозицијата и ние се надеваме дека и други наши заложби (како на пример еднаквата заштита во рамките на Уставот и законите) ВМРО-ДПМНЕ исто ќе ги прифати и поддржи како цивилизациска придобивка и универзална европска вредност“, се вели во соопштението на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.