Над 100 воздушни напади Израел извршил во последните неколку часа врз северниот дел на Појасот Газа. Засега нема информации за жртви. Одредени медиуми пренесуваат дека израелската војска користи фосфорни бомби, кои одамна се забранети според меѓународните конвенции.

Комуникациите во Газа повторно се прекинати и тие се отсечени од надворешниот свет. Иако е ноќ, сепак небого над Газа е целосно осветлено од ракетните напади на Израел.