Во врска со сите барања и прашања кои се однесуваат на одредувањето на датумот за изборите за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуша и Центар Жупа, претседателот на Собранието постапува само врз основа на роковите и процедурите утврдени во Изборниот законик. Затоа, датумот на изборите ќе биде објавен во горенаведениот законски рок и јавноста ќе биде известена во наредните денови, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
„Процесот на распишување на изборите не е воден од индивидуални преференции или предлози, туку од два фундаментални принципа: задолжителното почитување на законските рокови од Изборниот законик, вклучувајќи ги и новите одредби од член 132-а, донесени во март 2024 година и проценката и подготвеноста на Државната изборна комисија, како надлежна институција за организирање и спроведување на изборниот процес“, се наведува во соопштението.
Во овој контекст, пишува во соопштението, претседателот на Собранието веќе одржа два работни состаноци со претставници на ДИК, со кои беа разгледани сите правни и оперативни аспекти поврзани со повторувањето на процесот во овие општини.
„Собранието останува посветено на транспарентен и уреден процес, кој е во целосна согласност со законот“, се наведува во соопштението.
Текстот Гаши за барањата за датумот на одржување на изборите: Собранието постапува само врз основа на рокови е превземен од МАКФАКС.






















