Во името на Собранието, претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, упати честитка по повод големиот христијански празник, Божиќ.

„Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг. Посакувам овој празник да донесе мир, хармонија и радост во вашите срца и вашите семејства. Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас“, порача Гаши во честитката.

Четитка претходно упати и премиерот, Христијан Мицкоски.

Текстот Гаши со честитка до граѓаните за Божиќ е превземен од МАКФАКС.