По предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, очекувам македонските партии да предложат и резолуција со која ќе се промени формулацијата за албанскиот јазик во Уставот кој е дефиниран само како „јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, а кои не се мнозинство“, вели Африм Гаши, лидерот на партијата Алтернатива, која е во коалиција со Алијанса за Албанците во интервју за Дојче Веле на македонски јазик.

-Не правете им го на други тоа што не сакате вам да ви го прават“, им порачува Гаши на Македонците и нивните политички претставници. Нагласува дека нема ништо против предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека идентична почит треба да се рефлектира и кон една од идентитетските компоненти на Албанците во земјата – албанскиот јазик, вели Гаши.

Како што е познато, ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе Резолуција за преговорите со Бугарија во Собранието, а засега само албанските партии се резервирани по однос на ова прашање, односно не дадоа веднаш целосна поддршка. СДСМ, ДОМ, ЛДП дадоа поддршка на резолуцијата на опозициската партија.