Не е исклучена повторна соработка помеѓу Африм Гаши и Билал Касами, кои во 2014 година беа сопартијци во Движење Беса. Иако се разделија во 2018 година, Гаши не исклучува соработка, па дури и спојување на Алтернатива со Беса. Лидерот на Алтернатива во емисијата „200“ на Алсат, рече дека во политиката се е можно.

„Се е можно, особено во политиката, можеби, не знам. Каде ќе бидам, дали ќе бидам во политиката, навистина не се гледам уште долго во оваа ситуација каде што е скршен секој принцип, нема срам, нема одговорност, нема перспектива, нема надеж и не сакам да бидам актер во процес во кој надежите се кршат и соништата на младите се убиваат, но дали може да се случи нешто убаво и добро, што и да е добро и убаво, сакам да бидам учесник“, вели Гаши.

И првиот човек на БЕСА, Билал Касами, вели дека вратите на партијата што ја предводи остануваат отворени за оние кои, како што рече, во минатото преземале активности за да се докажат со независни програми и проекти.

„Секако, за нас формата на соработка е отворена, добредојдени се сите кои биле или не биле во Беса. Сите оние кои во минатото преземале чекори за да се докажат во политиката со независни програми и проекти, доколку конечно сфатиле дека треба да го продолжат својот пат во рамките или во соработка со Движењето БЕСА, секако се добредојдени“, рече Касами.

Во јануари 2018 година, веднаш по локалните избори, Движењето БЕСА првично се подели на две фракции, приврзаници на партискиот лидер Билал Касами и оние кои бараа негово разрешување. Двете групи одржаа посебни партиски конгреси на кои беше реизбран досегашниот претседател Касами, а на другиот Африм Гаши. По долга битка за тоа кому ќе му припадне партискиот печат, Основниот суд Скопје 2 одлучи лидер на Движењето БЕСА да остане Билал Касами, додека другата група тогаш формираше нова партија наречена Алтернатива.