Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба.

Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот.

„Веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево.
Задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор. Во моментот е на конзервативен, медикаментозен третман, без поставена индикација за оперативно лекување“, соопштија од ресорното министерство./Макфакс

Текстот Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ е превземен од МАКФАКС.