Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за ТВ21 го коментираше предлогот на премиерот Зоран Заев за разговори со опозицијата да биде дел од Владата.
Тој рече дека оваа идеја била актуелна и порано, и доколку постои волја, е подготвен да разговара.
„Ова не е нова идеја, ова сме го кажале и ние порано кога зборувавме за поларизација на државата.
Доколку постои искрена волја да се разговара за редефинирање на моделот на управување, ние сме подготвени да разговараме. Важно е да се има кохезивна и функционална состојба, за која зборуваме од 2014 година“, рече Гаши.