САД не наидоа на проблем со достигнување на 20 милиони случаи на коронавирус, наспроти целта на федералната влада за вакцинирање на 20 милиони луѓе до крајот на 2020 година, што се покажа како сериозен проблем. Помалку од три милиони Американци се вакцинирани до крајот на 2020 година. Дистрибуцијата на вакцините редовно се опишува како „хаос“, објави Гардијан.
Повеќе од 10.000 луѓе починаа во САД само во последните три дена од 2020 година, со што смртните случаи во земјата од коронавирус достигнаа скоро 350.000. Рекордно високо ниво – 3.700 починаа за 24 часа минатата среда.
Доколку имунизацијата продолжи со сегашното темпо, може да бидат потребни месеци, па дури и години за да се исполнат целите за вакцинација на повеќето Американци. И, ако ова одложување трае со месеци, тоа може да доведе до смрт на уште неколку стотици илјади Американци.
Анализата на Ен-Би-Си претходно оваа недела откри дека со ова темпо ќе бидат потребни скоро 10 години да се вакцинираат доволно Американци за да се преземе контролата врз епидемијата.
САД се соочуваат со проблеми со имунизација поради недостиг на финансии и нерешена логистика. Јавното здравство во САД страда од хронично недоволно финансирање, наведува Гардијан.
Локалните и државните власти веќе долго време ја предупредуваат федералната влада дека се потребни над осум милијарди долари дополнителни средства за изградба на инфраструктура за имунизација. Наместо тоа, Белата куќа одвои само 340 милиони долари за вакцинирање.