Британскиот актер Јан Мек Келен (81), кој го играше волшебникот Гандалф во филмовите „Господар на прстените“, рекол дека е воодушевен откако ја примил првата доза на вакцината „Pfizer“ против коронавирусот и повикал јавно сите да се вакцинираат.

Profimedia
Profimedia

Скоро 140.000 луѓе досега ја примиле првата доза на вакцината „Pfizer“ во Велика Британија од почетокот на вакцинацијата на 8 декември, а лицата над 80 години се во групата со најголеми приоритети. Државната национална здравствена служба „NHS“, која ја спроведува британската програма за масовна вакцинација против коронавирусот објавила неколку фотографии од Мек Келен на Твитер додека ја примал вакцина.

Ова е многу посебен ден, се чувствувам еуфорично. Секој што живеел колку и јас, живеел долго бидејќи имал претходни вакцинации. Вакцинацијата меѓу постарата генерација ќе биде 100 отсто и треба да биде, бидејќи тоа не го правите само за себе, туку и за луѓето кои ви се блиски – тоа е ваш удел за општеството“, рекол актерот кога излегол од болницата.

Мек Келен, кој светска слава ја постигна во 2000 година кога се појави како Гандалф во филмови базирани на романите на Толкин, а во режија на Питер Џексон, е уште една позната личност во Велика Британија која објави дека ја примила вакцината, како дел од колективните напори да ја убеди јавноста за безбедноста на вакцината.

Безболно е. Без двоумење им го препорачувам на сите вакцинирањето. И беше добро да се сретнете со членовите на Британската национална здравствена служба „NHS“ и да им кажете благодарам за целиот труд што го вложуваат последните месеци“, додал легендарниот актер.

Instagram
Instagram

Sвездата на „Господарот на прстените“ престојуваше во затворен простор поголемиот дел од 2020 година, бидејќи неговата возраст го доведува во поголем ризик од компликации од коронавирусот, а неодамна изјави дека уживал во „мрзлива“ самоизолација.

Не е познато дали кралицата Елизабета (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) веќе ја примиле вакцината. „Times“ објави дека тие може да „дадат до знаење“ кога веќе ќе го сторат тоа. Кралицата е многу почитувана во Велика Британија и нејзината порака ќе биде моќна поддршка во борбата против дезинформациите против вакцинацијата, според Ројтерс.

Преземено од Еспресо.мк