Кај селото Страцин беше одбележана 80-та годишнина од учеството на Бугарија во завршната етапа од Втората светска војна. Свештеници од Бугарија и РС Македонија отслужија за упокоена молитва во чест на загинатите бугарски војници во борбите кај Стражин и Страцин во октомври 1944 година, јавува БТА, пренесува Трибуна.

Страцинско кумановската операција на бугарската армија се одржала од 8 октомври до 14 ноември 1944 година. Бугарската армија загубила повеќе од 1000 свои припадници, а со посебен придонес се покажала Падобранската дружина на Прва бугарска армија која учествувала во бробите на стражинската позиција на патот кон Скопје.

Делегацијата што пристигна од Бугарија беше предводена од Генерал мајор Јавор Матеев , командант на заедничката команда за специјални операции на Бугарската армија. Во делегацијата беа вклучени уште началникот на Централното воено окружие Георги Георгиев, припадници на Бригада Југоисточна Европа , воени лица од составот на специјалните сили, претставници на воено-патриотски сојузи, ветерани од Втората светска војна и офицери и старешини од резервата.

На свеченото одбележување присуствуваа и амбасадорот на Бугарија во РС Македонија Желјазко Радуков , генералниот Конзул во Битола Николај Димитров , воениот аташе на Бугарија потполковник Асен Ламбев, неговиот помошник мајор Диан Динев, дипломати од дипломатските претставништва од Северна Македонија и претставници на здруженијата на бугарската заедница во земјата.

,, Пред 80 години нашите предци воделе борби во овие земји. Нивното херојство не задолжува . Сите оние кои служеле во специјалните сили на Бугарија во минатите години ја носеле таа одговорност кон родината. За нас е привилегија што овде се и двајца херои , современици и учесници во борбите, мајор Андонов и Марија Стојанова . Се поклонуваме пред вашето херојство тогаш и за тоа што денеска ја имате енергијата, волјата и силата да бидете тука. Убеден сум дека од двете страни на границата сите разбираат дека тогашната бугарска армија ги ослободила овие земји од фашистичките окупатори. Тогашниот бугарски војник војувал за една подобра Европа. Европа кон која и РС Македонија се стреми . Нека меѓу луѓето има хармонија и да одиме кон обединета Европа. Поклон пред делото на хероите”, кажа во својот говор Генерал мајор Јавор Матеев
.
,,Тоа е улогата на бугарската армија. Затоа таа е најпочитуваната институција во нашето општество, бидејќи е лојална на својот долг кон татковината и народот. И независно од конјуктурата е готова да го исполни и е подготвена на саможртва”, изјави во своето обраќање амбасадорот на Бугарија во РС Македонија Желјазко Радуков.

За време на одбележувањето беше прочитано и поздравно обраќање од името на претседателот на Сојузот на ветераните од војните Иван Сечанов. А ветеранката Марија Стојанова му врачи на генерал Матеев признаница од името на сојузот.
Венци и свежо цвеќе на местото на одбележувањето беа поднесени од името на Амбасадата на Бугарија во Скопје, од команданотот и припадниците на Специјалните сили на бугарската армија , од Генералното конзулство на Бугарија во Битола , од Сојузот на офицерите и старешините од резервот, од Сојузот на бугарските падобранци, од здруженијата на бугарската заедница во РС Македонија и од блиските и роднините на загинатите бугарски војници во борбите кај Страцин и Стражин.

Галеријата можете да ја погледнете овде.