Министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски, извршија увид во градежните работи на првиот центар за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар.

Проектот за изградба на центарот се изведува од невладината организација „Во мојот свет“, а се финансира по програмата „Официјална помош за развој“ на Република Бугарија.

Во делегацијата на бугарската амбасада покрај амбасадорот Ангелов и неговата сопруга Билjана, на увидот приствуваа и полномошниот министер Петјо В’лков, директорката на Бугарскиот културно-информативен центар Антонија Велева и првиот секретар на амбасадата Елена Слатинска-Ованезова, која е и координатор на проектите по програмата „Официјална помош за развој“ на бугарската држава.

Галеријата можете да ја видите овде.