Дипломати од Бугарската амбасада во Република Северна Македонија, Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, Бугарскиот Културно-информативен Центар во Скопјe и претставници на бугарската заедница во земјата ja прославија 153-та годишнина од раѓањето на Гоце Делчев и положија венци и свежо цвеќе на неговиот саркофаг во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје, јавува БТА, пренесува Трибуна.

„Се собравме да прославиме особено значаен датум во историјата и на Бугарија и на Северна Македонија. Во малку чудни услови, разделени и со тензии, му оддаваме почит на човекот чие име – Георги Николов Делчев – не го знаат сите, туку го користат скратеното Гоце. Во оваа ситуација, вреди да се потсетиме на зборовите на Гоце Делчев од неговото писмо до Никола Малешевски во 1899 година, дека овие поделби и овие расцепи не треба да не плашат, „жалосно е, но што да правиме, бидејќи сите сме Бугари и сите патиме од една иста болест”. За 20-30 години нашите внуци ќе се смеат на оваа генерација, бидејки во суштина не поделија работите што требаше да не обединат. И верувам дека ќе живеат во свет на повеќе доверба и повеќе разбирање“, истакна амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Желјазко Радуков, пред саркофагот на Гоце Делчев во дворот на црквата „Св Спас“ во Скопје.

Гоце Делчев е роден на денешен датум во 1872 година. во Кукуш. Благодарение на неговите напори, Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМРО) привлекла храбри луѓе во своите редови и започнала активно дејствување во Македонија и Одринска Тракија. Гоце Делчев загинал во битка на 4 мај 1903 г. кај селото Баница.