Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Бугарскиот културно-информативен центар и заменикот на воениот аташе го одбележаа 2 јуни – Денот на Христо Ботев и на загинатите за слободата и независноста на Бугарија, јавува Трибуна.
Амбасадорот Желјазко Радуков, директорката на БКИЦ Скопје Антонија Велева, заменик воениот аташе мајор Дијан Динев, положија цвеќе пред барелефот на Ботев на зградата на бугарската амбасада и на гробот на полковник Борис Дрангов на градските гробишта Бутел.
„Да се потсетиме на Ботев на овој ден, не значи просто да положиме свежо цвеќе. Тоа е моментот во кој ние со гордост, гледаме кон нашето минато, кон цената што сме ја платиле за нашата слобода и за тоа што треба да го направиме за да ја зачуваме таа слобода и да ја развиеме нашата земја. Да им оддадеме почит на сите оние кои го дале својот живот со едноминутен молк“, изјави амбасадор Радуков пред барелефот на бугарскиот поет и револуционер Христо Ботев на зградата на бугарската амбасада во Скопје.
По отдавањето почит пред ликот и делото на Христо Ботев, беа посетени и градските гробишта Бутел, каде што делегацијата претводена од амбасадорот Радуков запали свеќа и положи свежо цвеќе на гробот на славниот бугарски војсководец и воен педагог полковник Борис Дрангов.
Во своето кратко обраќање амбасадор Радуков ги цитираше последните зборови на полковник Дрангов пред да почине, а имено „Колку многу сакав да ѝ служам на Бугарија“.
„Се надевам дека ќе бидеме доследни на неговиот пример“, истакна уште амбасадор Радуков.
Галеријата погледнете ја овде.