Со претставата „Орфеј“ на словенечкиот режисер Јернеј Лоренци, актерите од Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, го затворија меѓународниот театарски фестивал „Скупи“ во Скопје, јавува БТА, пренесува Трибуна.

Актерите Владимир Пенев, Валентин Ганев, Дејан Донков, Стелијан Радев, Ненчо Костов, Дарин Ангелов, Александра Василева, Гергана Змијчарова, Билјана Петринска, Радена В’лканова, Ева Данаилова, Надја Керанова, Жорета Николова и Димитар Николов добија долги овации од публиката во Албанскиот Театар во Скопје.

Продукцијата е на драматургот Матиќ Старина и режисер е Јернеј Лоренци. Претставата е базирана на античкиот мит за Орфеј и Евридика. Маестралната трупа на Народен театар „Иван Вазов“, која ги доби годинешните награди Икар за режија, за најдобра претстава и наградата од публиката, ја воодушеви публиката во салата.

На меѓународниот театарски фестивал „Шкупи“, кој започна на 5 октомври годинава и се одржуваше под мотото „Блесок во театарот“, беа претставени театарски продукции на театри од Косово, Турција, Франција, Босна и Херцеговина и Бугарија, како и претстава, производ на работилница, во режија на Теа Беговска од Северна Македонија.

Фестивалот има натпреварувачки карактер и специјално жири доделува награда за најдобра продукција. Се одржува со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија, Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, Францускиот институт и Албанскиот театар – Скопје.