На 26 ноември 2022 на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20.00 ч. ќе се одржи Гала оперски концерт на светски познатата оперска ѕвезда од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран, пренесува Трибуна.

На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски( баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент на оперскиот концерт е Бисера Чадловска, концерт-мајстор: Климент Тодороски.

На програмата ќе се изведат оперски арии од композиторите: Ј. С. Бах, В. А. Моцарт, Ж. Бизе, Џ. Верди, Џ. Пучини, У. Џордано и др.

Гала оперскиот концерт се одржува во соработка со Културно – информативниот центар на Република Бугарија во Скопје.