35-годишната израелска актерка Гал Гадот која се стекна со светска слава по својата суперхеројска улога во „Wonder Woman“ сподели среќна вест.
Имено, Гадот го чека своето трето дете, а среќната вест ја сподели со своите обожаватели на социјалните мрежи.
На доделувањето на „Златните глобуси“, Гал предизвика гласини дека е бремена појавувајќи се во бел фустан кој ѝ ја криеше половината, а сега ја потврди среќната вест.
„Еве сме повторно“, напиша Гал на својот инстаграм-профил во описот на фотографијата на која е во друштво со нејзиниот сопруг Јарон Варсан со кого е во брак од 2008 година и ги дели двете ќерки 9-годишната Алма и 3-годишната Маја.
Инаку, акциониот филм „Wonder Woman 1984“ во декември минатата година собра околу 36,1 милиони долари, што беше најголема заработка на билетарниците на американските кина од првото затворање на почетокот на пандемијата.
А милиони луѓе филмот го гледаа и од удобноста на своите домови во САД, затоа што филмот беше достапен и на „HBO Max“.
„Warner Bros“ најавија дека ќе го забрзаат развојот на третиот „Wonder Woman“ филм, исто така напишан и режиран од Пети Џенкис, во кој Гал Гадот ја толкува смелата хероина Дијана Принс.
„Дијана не е агресивна, не е тука да се бори. Таа е миротворец. Во секого гледа нешто добро и верува дека никој не се раѓа злобна личност. Таа сака да им помогне на сите и искрено сака да му донесе добро на човештвото“, во една прилика изјави актерката