Бразилскиот напаѓач Габриел Хесус (24) би можел да стане новиот напаѓач на Јувентус.
Според „Газета дело Спорт“, торинскиот клуб сака да ангажира нов напаѓач, а меѓу кандидатите за потпис е и 24-годишниот бразилски фудбалер Габриел Хесус од Манчестер Сити.
Газета наведува дека Сити е подготвен да го испрати Хесус на позајмица до крајот на сезоната со задолжителна набавка и таквата идеја му се допаѓа на торинскиот клуб.
Сепак, тој ќе пристигне во Торино само доколку Кристијано Роналдо го напушти клубот, а Протугалецот ќе донесе одлука кога да го напушти клубот.
Габриел Хесус е член на Манчестер Сити веќе пет години. Тој пристигна од Палмеирас за 33 милиони евра и на 195 настапи постигна 82 гола за „граѓаните“.
Секако треба да се истакне дека Един Џеко и Душан Влаховиќ се исто така поврзани со Јувентус, и очигледно ќе биде многу интересно лето во Торино кога станува збор за трансферите.