На барање на бугарските служби, за време на посетите на РС Македонија, бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска е придружувана од сопствени телохранители.
Ова го соопшти Димитар Г’рдев, меѓународен секретар на партијата „Има таков народ“ и претседател на Комисијата за надворешна политика на 46. Народно собрание, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Според него, „во текот на минатата година билатералните односи меѓу Бугарија и РСМ наместо да се подобруваат нагло се влошија“. Г’рдев како пример даде различни изјави на македонскиот претседател и други политичари од РС Македонија.
„Во која друга земја нашиот министер за надворешни работи оди со сопствено обезбедување. Каде се случува такво нешто“, изјави Димитар Г’рдев за БНТ