-Ова искушение ја стави на испит и нашата вера. Како верен народ и Црква се соочивме можеби со најголемиот предизвик: како да се однесуваме одговорно и како да ја запазиме верата? Многумина меѓу нас постапија по снисходење, следејќи ги примерите од свештената историја на Црквата во ваквите ситуации, како и актуелните чекори на повеќето од Православните Цркви, соработувајќи со оние кои ја понесоа тежината на овој заеднички проблем и во чија одговорност е, и ќе биде – да го запазат општото добро, се вели во дел од честитката на Г.г Стефан.