Футсал репрезентацијата на Македонија утре во Зеница ги започнува квалификациите за пласман на ЕП и тоа на гости кај БиХ.
Во пресрет на натпреварот во Зеница, селекторот на БиХ, Иво Крезо, денеска истакна дека неговиот тим е подготвен со триумф над македонската репрезентација да го отвори квалификацискиот циклус.

-Засега сè се одвива според планираното. Играчите се подготвени и во добра форма, и затоа можеме да бидеме задоволни. Не бегаме од улогата на фаворит на претстојниот натпревар. Противникот добро го познаваме, бидејќи сме играле против него и порано. Сакаме добро да се подготвиме за овој меч и со победа да ги започнеме квалификациите – изјави Крезо за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на БиХ.

Во победа на БиХ е верува и капитенот Анел Радмиловиќ.
– Се подготвивме добро и мотивирани влегуваме во квалификациите. Сметам дека имаме група по мерка и имаме големи шанси да се пласираме на ЕП. Прв противник ни е Македонија против која сме фаворити на хартија, но тоа ништо не значи ако не одиграме на највисоко ниво. Сакаме да ги освоиме трите бода – изјави Радмиловиќ.