Кога културата ти е во колапс, образованието обичен бизнис, спортот арена за меѓуетнички и политички препукувања нормално е да имаш исфрустрирана CS-go младина. Пукање сред град, кинење на знамиња, дивеење низ улиците едноставно е недозволиво. Ова на социјалната мрежа Facebook го напиша познатиот новинар Фуркан Салиу како коментар-реакција на синоќешните настани за време на прославата за 28 ноември.
„Но за мене ова беше очекувано. Политиката (затоа што за се решава политиката) на покажување на мускули носи само отпор. Тој отпор различно се сфаќа и се манифестира од индивидуи, но едно е сигурно…
Во оваа држава никој не знае нормално да се радува.
Радоста изгуби смисла затоа што ретки се тие моменти на радост и гордост.
34 годишната “битката за да ја вратиме” државата де од едната па после и од другата етничка заедница си има своја цена. А цената е висока. Толку висока што на секои 4 години создава десетина нови милионери, а народот се по сиромашен“, стои во објавата на Салиу.