Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, во „10МИНУТИ“ на ТВ21 зборуваше за монеталната ситуација во земјава и евроинтеграциите. Фуере кажа дека ЕУ не ги исполнила обврските, и ја „извисила“ Северна Македонија, и дека државата сторила многу кон тој пат.
„Последните години беа многу тешки за Македонија. И голем предизвик и ризик за Владата да отпочне преговори со соседна Грција со цел решавање на овој долготраен проблем.
А тоа го постигна со неверојатна храброст, а мотивација за тоа беше надежта за приклучување кон ЕУ. Од причини кои немаат врска со билатералниот спор, туку со поширокиот контекст на проширувањето на Унијата, за жал, тогашната француска влада постави блокада и рече дека сакала да ја ревидира методологијата итн. Добро, можеби тоа беше неопходно. Но не требаше да го прекине или да го поткопа ветувањето кое ѝ беше дадено на земјата дека штом ќе се потпише и имплементира договорот со Грција, ќе почнат преговорите.
Сега сме соочени со друга ситуација. Јасно е дека ЕУ моментално потфрла со обврските не само кон Северна Македонија, туку и кон регионот“, рече Фуере.