Дваесет најголеми европски екипи загубија повеќе од милијарда евра во 2020 година поради пандемијата на коронаворусот, додека вредноста на фудбалерите се намали за 10 проценти, покажа студијата на „KPMG“.
Англискиот весник „Гардијан“ пишува дека извештајот на „KPMG“ се однесува на екипите од шесте најсилни лиги во Европа.
Според студијата, Јувентус, ПСЖ и Порто имаат двоцифрен пад во приходите, но затоа екипите на Баерн Минхен, Реал Мадрид и Ливерпул имаат подобри финансиски биланс, односно имаат профит. Така Реал Мадрид во 2020 година имаше приходи од 681 милион евра, Баерн 607 милиони и Ливерпул од 557 милиони евра.
Според анализата, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе е највреден фудбалер на светот и е „тежи“ 200 милиони евра. Веднаш зад Мбапе е Рахим Стерлинг од Манчестер сити кој е проценет на 132.5 милиони евра, а Џејдон Санчо вреди 130 милиони.
Интересно е што најдобрите фудбалери во изминатите 15-тина години, Лионел Меси и Кристијано Роналдо не ниту 10-те највредни играчи. Меси се наоѓа на 12. место и вреди 101.3 милиони евра, додека Роналдо не е ниту во топ 50 и вреди само 63.2 милиони евра.