Најдобрата македонска фудбалска репрезентација гостува кај Лихтенштајн во седмото коло од мундијалските квалификации, а избраниците на Благоја Милевски ќе одат на третата победа во овие квалификации.
Против Лихтенштајн новата рунда квалификации ја почнавме со убедлива победа од 5-0 на свој терен, потребно е да ја оправдаме фаворитската улога на гостински терен.
Фудбалерите веќе го одработија официјалниот тренинг на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц каде утре ќе го одиграат предвидениот натпревар.