Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.

Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.

Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.

фото: принтскрин

Текстот ФТ: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен е превземен од МАКФАКС.