Здружението од Кавадарци, „Лина – Спаси живот, добиј живот, помогни на животните“ на социјалните мрежи објавија статус, во кој велат дека во моментот на трагедијата, со Фросина Кулакова било и нејзиното куче Аја.

Кучето било тешко повредено, но преживеало. Било пронајдено под автомобилот на Васил Јованов.

„Ќерко наша, толку добрина имаше во тебе, толку милост, убавино наша… Како и секоја вечер со твоето душиче, со твоето пријателче Аја, за која ти се грижеше одговорно.

Бевте љубов, поврзани, си имавте свој јазик заеднички , како и многу други кои своите миленичиња се дел од семејството. Голем љубител на кучиња, на се она што носи душа во себе…, за разлика од нејзиниот убиец кој немаше емпатија кон се живо.

Кобната вечер кога нашата мила Фросина со својот неразделен другар, нејзина Аја, поминуваа на пешачки… Радосни, среќни, две души сплотени кои си беа верни една друга..ве сруши убиецот. Фросина ја покоси наркоман, дилер, пијаница, разгалено монструмче… Ја покоси заедно со нејзината душа миленичка, нејзината Аја..“, се вели во објавата.

„Твојата Аја лојална, барајќи те тебе..да ја заштитиш…да ја гушнеш…нашла безбедност во темината… И тоа Фросинче наша..твојата Аја се скрила под автомобилот кој те уби ..паркиран пред твојата зграда… откако ве удри заедно… Аја те чекаше Фросинче, под автомобилот на убиецот, затоа што мислеше дека си тука во близина…“, се додава во објавата.

Текстот Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја кое било пронајдено под автомобилот на Васил е превземен од МАКФАКС.