Непознати сторители на 30 септември фрлиле бомба во дворот на куќата на Габриел Бајрам, претседател на Сојузот на Ромите.
Непознати лица на 30 септември преку видео повик и пораки му се заканувале по живот на Габриел Бајрам и неговото семејство, доколку неговата партија не се повлече од кампањата за локалните избори, дознава „Фокус“.