Професорот Љубомир Фрчковски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека историјата е важна работа и не може да биде оставена само на истаричарите. Одлуката за тоа што е важно да се чита од историјата е политичка одлука.
Исто така тој истакна дека соработката со албанците до 1945 е заборавена на штета со соработката со Србија.
„Одлуката што е важно да се чита во историјата е политичка одлука. Стануваме независна држава, и политичката елита одлучуваат дека за нас ќе биде важно од нашата историја да ја нагласиме главната линија на наративот. До 1945 соработката со Албанците беше заборавена, немаме такви учебници на штета на соработката со Србија. Одлука на оваа елита е дека ќе се врати на сцена таа историја, од 1912 ќе се врати дека соработката на ВМРО со Албанците“, вели Фрчковски.
Тој додава дека не ја учиме историјата што треба да ја учиме, ВМРО единствено сорабутувале со албанците.
„Таа историја не ја учиме, таа треба да ја учиме, и основа за нашиот политички систем сега“, порача Фрчковски.