Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино денес изјави дека е оптимист кога е во прашање играњето на Килијан Мбапе на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите.
Младиот Французин го повреди мускулот на ногата непосредно пред почетокот на мечот во Париз, но сепак настапи. Тој не играше против Ленс викендот во победата од 2:1.
“Ние ја проценуваме неговата состојба секој ден и го следиме. Мислам дека тој ќе може да игра”, рече Покетино.
ПСЖ минатата среда загуби од Манчестер Сити со 2-1 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите.
За реваншот, аргентинскиот стручњак ќе го има на располагање скоро целиот тим. Само тој не може да смета на Хуан Бернат, Гује е суспендиран поради жолт картон, додека другите ќе бидат во комбинација. Француските медиуми ги предвидуваат следните 11 за утрешниот натпревар:
Навас, Флоренци, Маркинос, Кимпембе, Диало – Верати, Паредес – Ди Марија, Нејмар, Дрекслер – Мбапе.
Натпреварот на стадионот „Етихад“ се игра во вторник од 21:00 часот.