Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва слета на меѓународниот аеродром во Тирана, каде беше пречекан од вице премиерката Белинда Балуку.

Ова е прва официјална посета на француски претседател на Албанија, во чии рамки предвидени се средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.

Според прес-службата на претседателот Бајрам Бегај, високиот гостин со сите државнички почести ќе биде пречекан од домаќинот утре во 8:25 часот, по што следува средба лице в лице меѓу двајцата претседатели.

Макрон требаше да учествува на денешниот самит на Берлинскиот процес, но присуството го откажа, како што беше соопштено, поради терористичкиот напад во училиште во градот Арас, Франција, каде беше убиен наставник, и повредени уште две лица.