Суд во францускиот град Безје ја казнил Доминик Валдије со 1.250 евра затоа што нејзиниот портокалов мачор Реми редовно одел кај соседот и правел штета — оставајќи траги од шепи, мокрејќи по ќебиња и вршејќи нужда во дворот. Пресудата предвидува и дополнителна глоба од 30 евра секој пат кога мачорот повторно ќе ја премине оградата.
Организацијата за заштита на животни (SPA) предупреди дека случајот може да создаде правен преседан што би ја ограничил слободата на мачките да се движат во својата околина и би ги одвратил луѓето од нивно вдомување.
Валдије вели дека сега го држи Реми затворен во куќата: „Се здебели и стана агресивен. Како да му е изречена домашна казна.“ Дел од соседите ја поддржуваат, оценувајќи дека пресудата е апсурдна и штетна за сите сопственици на животни.
Текстот Француска казна за „мачор-престапник“ – сопственичка плати 1.250 евра бидејќи мачката одела кај соседот е превземен од МАКФАКС.























