Французинка загина во Израел „во терористичките напади“, соопшти француското Министерство за надворешни работи, без да даде детали. Француските тимови во Израел и Париз се обидуваат да ги разјаснат состојбите на неколку граѓани кои не се лоцирани, се додава во соопштението.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека најверојатно германски државјани се меѓу киднапираните вчера од Хамас. Не е наведено колку луѓе би можело да бидат, но се вели дека се верува дека сите се со двојно – германско/израелско државјанство.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко изјави дека две Украинки се убиени.

Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека двајца Белоруси се повредени при гранатирањето на градот Ашкелон, а еден од нив е во тешка состојба.