Ние како и сите европски партнери внимателно го следиме тоа што се случува меѓу Софија и Скопје. На прво место ние сме целосно солидарни со Бугарија и со нејзината желба да се расветли случајот со нападот врз секретарот на клубот во Македонија Христијан Пендиков. Исто така ги поддржуваме македонските власти во нивните заложби тоа да не се повторува повеќе. Ова го изјави амбасадорот на Франција во Бугарија Жоел Мејер пред ТВ 1, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

„Тоа што е важно е да гледаме во долгорочен план и треба да го направиме. Посебно меѓу две соседни земји, за да се избегне ескалација на тензиите“, додава Мејер.

Во одговор на прашања дали Франција одржува контакти со Софија и Скопје, амбасадорот Мејер вели дека Париз одржува контакти и со двете земји.

„Меѓу две земји партнери кои потпишале договор за пријателство е важно да има механизам за превенција на таков вид инциденти. Важно исто така е таков механизам да биде воведен за тоа да не се повторува повеќе“, додаде Мејер.

„Во моментот е важно демократски избраните влади да ги преземат сите мерки и да најдат рационално објаснување за причините кои ги тераат одредени луѓе да стануваат дел од радикални движења и да најдат лек за таа појава“, така амбасадорот Мејер ги коментираше радикалните изјави и говорот на омраза од страна на различни партии во РС Македонија.