Француски научници го опишаа првиот случај на тешка форма на инфекција со јужноафриканскиот вид коронавирус кај пациент кој веќе еднаш оздравел од ковид-19, објави Париската болница (АП-ХП).
„Овој случај покажува дека јужноафриканскиот сој може да предизвика сериозна форма на инфекција по првата, поблага инфекција со класичниот коронавирус“, пишуваат истражувачите во нивната студија објавена во средата во списанието „Клинички инфективни болести“ (Clinical Infectious Disease).
– Advertisement –
„Според наши сознанија, ова е првиот опис на реинфекција со јужноафрикански вид што предизвикува акутна форма на ковида-19, четири месеци по првата умерена инфекција“, додаваат тие.
Случаи на повторна инфекција со британски, јужноафрикански и бразилски соеви на вирус веќе се документирани во научната литература, но најчесто втората инфекција е послаба од првата.
Случајот опишан од француските експерти е регистриран кај 58-годишен пациент.