Францускиот премиер Жан Кастекс ги повика Французите да се вакцинираат против коронавирусот, истакнувајќи дека се помалку луѓе се пријавуваат за вакцинација во летниот период.
– Ние вакцинираме 200.000 луѓе на ден со првата доза, рече Кастекс за време на посетата на југозападна Франција, каде што 70 проценти од сите нови случаи се заразени со новата варијанта на вирусот – Делта.
– Тоа не е доволно, се справувавме многу подобро и треба да направиме уште подобро, рече тој.
Владата бара 35 милиони луѓе да бидат целосно вакцинирани со две дози до крајот на август, односно повеќе од половина од француското население, во споредба со сегашните 28 проценти.
Кастекс, исто така, рече дека регионалните власти можеби ќе треба да ја одложат следната фаза на релаксирани ограничувања за социјална дистанца, што треба да започне на 1 јули, вклучително и укинување на ограничувањата за капацитетот во повеќето затворени простории и за концерти на отворено или спортски настани.