Франција ќе застане крај Финска и Шведска во случај на агресија, соопшти Елисејската палата, откако овие две земји објавија дека сакаат да влезат во НАТО јави дописникот на МИА.
„Секоја држава што ќе се обиде да ја тестира европската солидарност, преку закана или агресија врз нивниот суверенитет на кој било начин, мора да биде сигурна дека Франција ќе застане покрај Финска и Шведска“, пишува француското претседателство во соопштението за печатот.