Франција и Германија предлагаат самит на Европската унија со рускиот претседател Владимир Путин во обид за подобрување на односите, јавува новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извори. Тоа би бил прв таков состанок од 2014 година и ќе следи по средбата на американскиот претседател Џо Бајден со Путин во Женева на почетокот на овој месец. Овој предлог, според оценките, ја одразува загриженоста во Париз и Берлин дека пристапот на ЕУ кон Русија во последните години е главно насочен кон санкции врз Москва. „Треба да разговараме за тоа како да се извлечеме од оваа негативна спирала … но треба да напредуваме обединети“, изјави за Ројтерс еден висок дипломат на ЕУ, додавајќи дека некои балтички земји можеби нема да се согласат на самит.

Advertisements

Прикажи повеќе