Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, како и пратеници од двете земји денеска ќе имаат заеднички   дискусии во Париз за безбедноста, енергетиката, европските и други прашања.

Целиот германски кабинет е во Париз на заеднички состаноци, а 300 претставници на двете земји на Универзитетот во Сорбона ќе одбележат 60 години од потпишувањето на Елисејскиот договор.

Макрон и Шолц ќе разговараат за тоа како Европа ќе одговори на субвенциите за американските производители на електрични автомобили и други бизниси, што се предвидени во американскиот Закон за намалување на инфлацијата, подготвен од администрацијата на Бајден. Двете страни ќе разговараат и за одбранбената и воената помош за Украина.

Средбата првично беше закажана за октомври, но неколкупати беше одложувана.