Министерството за образование на Франција, го ажурира својот протокол во случај на присуство на Ковид-19 во училиштата. Според новиот протокол, министерството прецизира дека часовите во претшколските одделенија сега мора да се затворат веднаш штом ќе се појави првиот случај на Ковид-19 меѓу учениците, јави дописникот на МИА.
-Појавата на потврден случај меѓу учениците имплицира дека другите ученици од одделението се идентификувани како ризични, подвлекува текстот. Конкретно, сите ученици од одделението се смета дека се изложени на ризик и ќе биде побарано „да останат дома седум дена“, што де факто резултира со затворање на одделението. Протоколот, кој е на сила во претшколските одделенија, не прави разлика помеѓу инфекции со вирусот или неговите варијанти.
Персоналот нема да биде идентификуван како контакт со ризик ако носи маска од категорија 1 или хируршка маска, што се препорачува уште од појавата на јужноафриканските и британските варијанти. Исто така, појаснувањето на потврден случај кај наставниците не значи дека учениците од одделението се сметаат за ризични контакти.
Во основното и средното образование, правилата се различни, бидејќи носењето маска е задолжително од 6-годишна возраст. Така, појавата на потврден случај меѓу наставниците или учениците во одделението не доведува автоматски учениците да се сметаат за ризични контакти.
Бројот останува, во овој случај, ист: „Во околност кога тројца ученици од исто одделение (од различни семејства) би биле позитивни за Ковид-19, тогаш учениците и вработените во одделението мора да се сметаат за ризични контакти. „Освен ако не се утврди дека ова е една од варијантите на вирусот, тогаш погоденото одделение ќе биде затворено по единечна појава.
Уште едно зајакнување на протоколот: во мензите сега е потребно растојание од два метра помеѓу групи на ученици, наспроти еден метар претходно.