Патниците што доаѓаат во Франција од земјите што не се членки на ЕУ повеќе нема да можат да влезат во земјата со негативен резултат од брзиот, лесно достапен тест на Ковид-19. Според новите правила, кои стапуваат во сила на 18 јануари и се претставени во документ на француската влада, луѓето повеќе нема да можат да користат антиген и други брзи тестови, кои покажуваат резултати за неколку минути.
Како што пренесува Ројтерс, тие брзи тестови во голема мера ги користеле возачите на камиони, кои превезуваат стока преку Ла Манш. Засега не е јасно какво влијание ќе имаат новите правила за тестирање врз транспортот на стоки преку Ла Манш, што веќе беше под влијание на излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
– Advertisement –