Француската агенција за лекови (ХАС) соопшти дека одобрила употреба на вакцината против коронавирусот, развиена од американската компанија „Модерна“, откако истото го стори и Европската агенција за лекови оваа недела.
Алан Фишер, имунолог кој ја координира стратегијата за вакцинација во Франција, денеска изјави дека првите дози на вакцината „Модерна“ треба да пристигнат во земјата во наредните денови.
Европската комисија во средата издаде условно одобрение за ставање во промет на вакцината против Ковид-19, што ја разви американската фармацевтска компанија „Модерна“.
По вакцината на „Фајзер/БиоНТек“, ова е уште една вакцина против Ковид-19 одобрена во ЕУ, а Комисијата наведе дека ова одобрување следи по „позитивна научна препорака заснована врз темелна проценка на безбедноста, ефикасноста и квалитетот на вакцината од страна на Европската агенција за лекови“ и дека е поддржана од земјите-членки.
Вакцината на „Модерна“ покажа стапка на успешност од 94,1 процент. (МИА)